13:10 - 7 ноември, 2026

Попоски: Поларна воздушна маса, сув студ, и силен ветер со брзина над 80 км/час, еве кога

– Под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса која се спушта од север, во текот на седмицата која што ни претстои ќе имаме МНОГУ СТУДЕНО и суво време (сув студ). Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а само денес локално ќе провејува и снег.

Особено денес и утре ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено и СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено со брзина од над 80 км/час). Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат и до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планински места на северозапад дури до околу -20 степени.

Во Скопје исто така ќе имаме променливо облачно време со засилен ветер од северен правец. Ќе биде и доста студено со минимални температури до околу -5 степени. Ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 0 и 2 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....