11.8 C
Скопје
10:46 - 18 октомври, 2026

(Фото) Пред Петар Грашо, Хана била во љубов со овој познат пијанист: Слична приказна како Грашо и Данијела

Петар Грашо и Хана Хуљиќ наскоро ќе ја прослават првата годишнина од бракот во кој ја добија ќерката Алба, а неодамна покажаа дека во нивната заедница цветаат рози и дека апсолутно се е баш како што треба кога се појавија држејќи се а раце на доделувањето на MAC наградите во Белград.

Партнерите блескаа, изгледаа многу среќни, насмеани и очигледно задоволни, но почетокот на оваа врска ја одбележаа шпекулациите дека една личност останала со скршено срце поради нивната љубов, а тоа е пејачката Данијела Мартиновиќ.

Раскинувањето на дводецениската емотивна врска меѓу Петар и пејачката тогаш ја шокираше јавноста, а неодамна се дозна дека слична епизода имала и неговата сегашна сопруга, која исто така ја завршила долгогодишната врска со момчето кое го оставила.

Имено, пред врската со Грашо, ќерката на Тончи била во осумгодишна врска со пијанистот Томислав Шошиќ, кого го држела подалеку од љубопитните очи на јавноста, па не се познати многу детали за нивната љубовна приказна.

Не се знае што точно ѝ пресудило на нивната врска, дали е тоа Петар Грашо кон кого имала чувства уште од мали нозе или пак, далечината ги разделила, бидејќи поранешното момче на Хане Хуљиќ студирало џез пијано во Естонија, каде што таа често одела да го посети.

Иако Хана многу често го посетувала, а моменти од средбите таа и споделуваше на социјалните мрежи, разликите очигледно биле несовладливи, а дошло до, како што велат упатените, пријателско раскинување. Поранешните партнери останале во пријателски односи, како што останаа пријатели и Грашо и Данијела Мартиновиќ, пишува стори.рс.

Слични објави

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.
Се вчитува....