06:36 - 13 септември, 2026

Попоски: Очекуваме вистинско септемвриско лето!

– Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со летни максимални дневни температури на воздухот, што значи дека септемвриското лето и понатаму продолжува.

Територијата на нашата држава, н о и на целиот наш регион се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, но сепак утрата ќе бидат свежи со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека особено во Малешевијата температурата ќе се спушта и под 10 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак во следните денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Повеќе облачност се очекува од четврток, додека за време на следниот викенд ќе има услови и за локална краткотрајна попладневна нестабилност.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, стабилно суво и сончево. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12 и 15 степени, додека максималната дневна температура ќе биде натпросечно висока и ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 31 степен – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Хаос во семејниот дом на Адам Адактар — позната сосетка од Чачак откри што се случувало во нивното минато

Е.А.

„Имав 22 години кога ја прекинав бременоста“ — Лепа Лукиќ откри дали била бремена од Тома Здравковиќ

Е.А.

„Да ми умреше синот, веднаш ќе си пресудев“: Нада Топчагиќ низ солзи за најтешкиот период во животот

Еспресо

(Фото) Ѝ пееше Наташа Беквалац, а таа блескаше во сино — Елена Ѓорговска го прослави роденденот во Белград

Еспресо

Вук Моб по раскинувањето на свршувачката најде нова девојка: „Таа е прекрасна личност!“

Еспресо

Никој не може да им одолее! Ова се трите најстрасни хороскопски знаци!

Еспресо
Се вчитува....