11:34 - 13 ноември, 2026

Кејли Спени ја освои Венеција – прогласена за најдобра актерка за „Присила“

На годинашното 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција наградите за најдобра женска и машка улога ги понесоа американските актери.

Кејли Спени ја освои наградата за улогата на поранешната сопруга на кралот на рокот, Елвис Присли, во филмот „Priscilla“ (Присила), а Питер Сарсгард беше прогласен за најдобар актер за својата улога во бруталната семејна драма „Memory“ (Меморија).

Филмскиот маратон во Венеција годинава не беше проследен со вообичаената парада на филмските ѕвезди на црвениот килим, кои поради долгиот штрајк на актерите во Холивуд, не дојдоа да ги промовираат своите остварувања.

Актерите и сценаристите бараат подобрување на своите договори и ограничување на употребата на вештачката интелигенција, на што укажа и актерот Сарсгард во своето обраќање пред присутните.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....