12:30 - 7 ноември, 2026

Попоски: Ни доаѓаат нови снегови и дождови

Во текот на изминатата ноќ и рано претпладнето од денешниот ден нашата територија беше под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север. Насекаде имаше врнежи од дожд, додека поради падот на температурите, на планинскитеместа во западните и во северозападните предели врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег, со што дојде до формирање на нова снежна покривка.

Најмногу снег од планините наврна на Скијачкиот центар Попова Шапка (од 10 до 20 цм).

Следните утра во Македонија и тоа поради разведрувањето ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНИ, па така на повеќе места температурите ќе се спуштаат близу 0 степени, особено на повисоките места и на планините и под нулата, со што очекуваме појава на МРАЗ.

Максималните дневни температури пак особено за време на викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ. Истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 25 степени. Меѓутоа за време на викендот, како и за први и втори мај во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилувањље на ветер.

РАНА И НЕОФИЦИЈАЛНА НАЈАВА: Според сегашните анализи, следната седмица очекуваме ново ЗАЛАДУВ АЊЕ на времето, ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд како и нов снег на планините, со што првата седмица од мај месец повторно очекуваме потпросечни температури на воздухот, односно ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....