6.6 C
Скопје
03:58 - 1 април, 2026

Попоски најавува студен бран со дожд, снег и ветер од над 70 км/час, еве кога

– До крајот на денешниот ден во Македонија и понатаму ќе имаме вистинско ПРОЛЕТНО време со ПРОЛЕТНИ температури на воздухот.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, утре уште од утринските часови од запад ќе се прошируваат нови врнежи од дожд, додека на планините ќе врне СНЕГ.

Кон крајот на утрешиот ден и во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе услови ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, па така освен на планините, повремени локални послаби врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од околу, па и под 1000 метри.

Четврток ќе биде речиси зимски ден со потпросечни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, меѓутоа поради силниот северен ветер температурите ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените.

Ветерот во четврток повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час, додека во петок наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштат под нулата, со што се очекува појава на мраз. На повисоките места и на планините врнежите од снег ќе условат формирање на нова снежна покривка.

Во Скопје очекуваме слично време, со ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ на температурите во четврток, како и ЗАСИЛЕН северен ветер, но и нови врнежи од дожд утре.

НАПОМЕНА: Поради НАГЛИТЕ промени на времето, Биометеоролошките услови овие денови ќе бидат МНОГУ НЕПОВОЛНИ, па така кај метеопатите се можни ЗНАЧИТЕЛНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ. Токму поради ова на истите ги советуваме да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја земаат препишаната терапија од истиот – вели метеопрогнозерот Попоски. 

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....