5.8 C
Скопје
02:29 - 1 април, 2026

Попоски најавува нови временски непогоди и силни громови, еве кога

– Топлотниот бран кој ја зафати Македонија, како и целиот регион и донесе за прв пат вистински летни температури оваа сезона, ја загрева многу Атмосферата и истата ја исполнува со МНОГУ ЕНЕРГИЈА.

Токму поради ова, но и поради влијанието на ГОЛЕМАТА влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, понатаму, а особено за време на викендот кај нас на многу места ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за релативно кратко време, силни громови и грмежи, како и појава на град кој локално би можел да биде дури и од поголема величина и би можел да направи штети, особено врз земјоделието.

И во Скопскиот регион за време на викендот ќе има појава на пороен дожд, силни грмежи, како и услови за појава на град, а можни се и локални поплавувања. Инаку низ Македонија повторно ова невреме би можело да донесе ПОПЛАВИ, како и излевање на некои помали реки.

Температурите особено од недела ќе бидат во ПАД за неколку степени, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на силни и чести електрични празнења за време на викендот, граѓаните да не претстојуваат на отворен простор, како и под осамени дрвја и да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....