15:15 - 13 ноември, 2026

Попоски најавува: Нова тура врнежи и грмежи, можно е и невреме, еве кога

– Во текот на претстојната ноќ, како и во следниот период во Македонија продолжува периодот на МНОГУ ПРОМЕНЛИВО и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места се очекува и развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, а поради очекуваните нови врнежи, во следните денови можно е ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија.

Во Скопје исто така продолжува променливото време. Во делови од котлината повремено ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите овие денови на повеќе места ќе се искачат до околу, па и над 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели накратко ќе се искачат и малку над 25 степени. Сеуште нема никаква најава за првиот поизразен топлотен Африкански бран, како што доликува да овој дел од годината. За истиот и понатаму ќе си чекаме, и ќе се изначекаме.

Ваквото многу нестабилно и врнежливо време ќе се задржи до самиот крај на овој месец. Нашата територија, како и целиот Балкански Полуостров е под влијание на моќен циклонски систем од запад. Во регионот веќе на повеќе места има и поплави поради огромното количество на наврнат воден талог.  Опасност од нови поплави во регионот ќе има и во следните денови.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....