8.8 C
Скопје
23:06 - 19 февруари, 2026

Попоски најавува НЕВРЕМЕ, поројни дождови и ветер над 70 км/час, еве кога

– Продолжува периодот на МНОГУ променливо време, поради тоа очекуваме ЗНАЧИТЕЛНО НЕПОВОЛНИ биометеоролошки услови.

Под влијание на ЦИКЛОН од запад и на влажна и НЕСТАБИЛНА воздушна маса, особено во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од дожд. Во попладневните часови локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со СИЛЕН ветер (над 70 км/час) и од јужен и југозападен правец како и со појава на грмежи.

Поради присуството на постуден воздух во горниот слој од Атмосферата и топлиот во долниот дел од истата локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд (над 25 л/м2), СИЛЕН ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Услови за нестабилност ќе има и во Скопскиот регион, проследена со ПОИНТЕНЗИВЕН дожд, силен ветер и со појава на грмежи, особено во попладневните часови.

Потоа послаби локални врнежи ќе има и во сабота, кога особено во вечерните часови поради падот на температурите на воздухот на планините ќе провејува СНЕГ. Во недела ќе дува ЗАСИЛЕН северен ветер, а исто така од недела па натаму следува период на стабилно и суво време.

Температурите остануваат ПРОЛЕТНО ВИСОКИ, исклучок ќе биде недела кога истите ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. СТУДЕНО утро очекуваме во понеделник кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, со што очекуваме појава и на слаб мраз.

НАПОМЕНА: Утре, во случај на појава на НЕВРЕМЕ, препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....