00:24 - 7 ноември, 2026

Попоски најавува дожд и снежна покривка на планините, еве кога

– До крајот на денов, како и утре претпладне во Македонија ќе се задржи стабилно и суво, додека само по одделни котлини и особено долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Веќе од утре попладне и навечер и тоа под влијание на влажен воздушен бран од запад ќе има врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе започне да дува засилен ветер од југоисточен правец.
Врнежите ќе продолжат и во вторник а поради спуштање на постуден воздух од север, кон крајот на денот и навечер услови за провејување на снег ќе има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието.
На планините ќе се формира и снежна покривка а температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат, што значи конечно ќе имаме постудени денови како што доликува за овој период од годината. Проврнување на дожд и снег ќе има и во среда.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....