8.8 C
Скопје
19:04 - 30 март, 2026

Попоски најавува дожд и снег, многу ниски утрински температури, проверете кога

– Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, денес и тоа особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде се очекува зголемување на веќе постоечката снежна покривка и тоа на планините.

На повисоките места пак, ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 цм. Врнежи од снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во западните предели каде локално се очекува формирање на снежна покривка до 5 цм. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели. Потоа провејување на снег ќе има и утре рано наутро, додека потоа до вторник следува период на стабилно и суво време со МНОГУ НИСКИ утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен. Нов влажен бран очекуваме од среда, но детална анализа околу ова следува наскоро.

Во Скопскиот регион снег се очекува само на околните планини и локално во повисоките предели од котлината – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....