7.8 C
Скопје
23:58 - 31 март, 2026

Попоски најавува: Доаѓа снег и на помала надморска височина, пад на температурите! Еве кога

– Продолжува МНОГУ променливото и ПОСТУДЕНО време во Македонија, како што доликува за овој период од годината.

Денес и утре сеуште ќе има повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има повремени врнежи од снег.

Потоа во петок ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека за време на викендот ќе има нови врнежи од дожд, додека на планините над 1200 м.н.в ќе има врнежи од снег. Снежната граница и тоа особено во северните претели можно е да се спушти дури до околу па и под 1000 м.н.в.

Особено во четврток ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени а за време на викендот максималните температури ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

Во Скопскиот регион продолжува периодот на МНОГУ променливо време. Во четврток ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за повремен дожд со послаб интензитет. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени. Наутро пак истите ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....