18:19 - 10 ноември, 2026

Попоски најавува циклон над Македонија, пороен дожд, силен ветер, сахарска прашина и песок

– Под влијание на циклонска активност и на серија влажни воздушни бранови од оваа вечер, па во текот на целата седмица која што е пред нас во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Врнежите повремено и локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог). Снег ќе врне само на високите планини.

До крајот на денов ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).

Во вечерните часови денес, како и во текот на ноќта локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и СИЛЕН јужен ветер (понекаде овие процеси би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ).

Температурите до среда и понатаму ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, иако истите ќе бидат нешто пониски за разлика од оние кои ги имаме до денес и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Во Скопје и околината следува променливо време со повремени врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. До крајот на денов ќе дува ЗАСИЛЕН југоисточен ветер. Температурата ќе се искачува до околу 17 степени.

До среда во Атмосферата ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што истата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде помешан со истата – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.
Се вчитува....