12:59 - 4 април, 2026

Попоски: Какво време нè очекува по празниците, ќе ви треба ли чадор за утре?

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови и на нестабилна облачна маса, во текот на целата оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Локално и особено во попладневните часови врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, можна е и локална појава на суградица и на град.

Во Скопје исто така ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со зсилен ветер во зоната на нестабилност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, а кон крајот на оваа недела во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 25 степени – вели метеопрогнзерот Славчо Попоски. 

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....