14:10 - 27 ноември, 2026

И во Холивуд протестираат за поголеми плати – сценаристите се подготвени на штрајк по 1 мај

Телевизиските и филмските писатели и сценаристи во Холивуд денеска ќе гласаат дали да одобрат штрајк во обид да добијат повисоки плати.

Како што објави Ројтерс, преговарачите на Здружението на писатели на Америка (VGA) побарале од околу 11.500 членови да им дадат дозвола за штрајк по 1 мај, доколку преговорите за подобри работни услови и повисоки плати не успеат.

Гласањето за овластување за штрајк има за цел да го зголеми притисокот врз компаниите како Нетфликс и Волт Дизни да ги зголемат платите на писателите, кои велат дека нивните плати се притиснати од таканаречената „револуција на стриминг“, што резултираше со пократки ТВ сезони и пониска заработка за писателите.

„Се чувствуваме како да сме потценети со години“, вели сценаристот на преговарачкиот комитет на VGA, Џон Август.

Агенцијата потсетува дека последниот штрајк на VGA во 2007 и 2008 година траеше 100 дена.
Сопствениците на студиа, наводно, не сакаат ново нарушување на индустријата, особено откако пандемијата „Ковид-19“ го затвори производството ширум светот со месеци.

Повеќето ТВ и филмски писатели живеат во Лос Анџелес или Њујорк.

Август рече дека писателите веруваат дека е вистинското време да се притисне за повисоки плати, во време кога медиумските компании работат на пронаоѓање на вистинската рамнотежа помеѓу трошењето и стриминг профитот.

„Ова е моментот навистина да разговараме за тоа како правиме телевизија во моментов и да се погрижиме писателите да бидат правилно платени“, изјавил Август.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....