-1.2 C
Скопје
06:38 - 6 март, 2026

Попоски: Какво време ќе имаме викендов и за Први мај

– Поради ведрото време, утре во Македонија утрото ќе биде СТУДЕНО со НИСКИ температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени. Локално ќе има појава на СЛАНА и на МРАЗ.

Утре и во сабота времето ќе се задржи претежно сончево и стабилно, додека од недела па натаму, вклучувајќи го и први мај во попладневните часови ќе има повеќе облачност и локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ, што значи дека особено за викендот максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, и тоа особено во недела.

Во Скопје и околината очекуваме слично време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 21 степен.

Барем според сегашните достапни анализи, во текот на следната седмица повторно очекуваме посвежо време од вообичаеното и почести, како и поинтензивни врнежи од дожд. Повремено на највисоките планински врвови ќе има услови за провејување на СНЕГ, што значи дека и за први мај Атмосферата нема да ни биде целосно стабилна.

Засега нема никаква најава за продор на Африканска топлина во нашите краишта, дури можно е и првата половина од мај да ја поминеме во знакот на постудено време од вообичаеното и со почести и поинтензивни врнежи.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ѕвездите ви шепотат: Вашиот астроводич за совршен викенд

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо

Виктор Живојиновиќ објави ретка фотографија: Погледнете го природниот изглед на Лепа Брена

E.A.

Животната приказна на Оливера Катарина, југословенската дива пред која клекнал дури и Салвадор Дали

Еспресо

„Во болница одам кога имам црни мисли“: Пејачот откри како заработува иако не настапува повеќе години

E.A.

(Фото) Зорица Брунцлик измамена: Пејачката и покрај операцијата, веднаш се огласи – сè е лага, не верувајте!

Еспресо
Се вчитува....