12:24 - 10 ноември, 2026

Попоски: Допрва доаѓа жешко време кај нас, се очекуваат 40 степени под сенка, на сонце – над 50

– Големиот топлотен Африкански бран кај нас во следниот период ќе го достигне својот максимум, по што следува освежување на времето и пад на температурите на воздухот, како и северен ветер.

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, но ќе дува ветер од западен правец и истиот во деновите пред нас повремено ќе биде засилен на интензитет. Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност (вредност 10), па затоа на граѓаните им препорачуваме без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности.

Температурите кај нас понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43, 44 степени, додека во понеделник и во вторник во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија тие може да се искачат дури до, па и над 45 степени. Преќу ноќ температурите на повеќе места нема да се спуштаат под 20 степени, што значи дека ноќите ќе бидат “Тропски”.

Во Скопје  и околината температурата во следните денови ќе се искачува до околу, повремено и над 40 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат и над 50 степени, понекаде можно е тие да се искачат дури до околу 60 степени.

Барем според моменталните анализи, освежување на времето и пад на температурите очекуваме од ноќта среда према четврток. Детална анализа околу ова следува деновиве.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....