16:41 - 10 ноември, 2026

(Видео) „Поминав седум дена жив закопан“, во ковчег под земја: Јутјубер спроведе морничав експеримент за да собере „лајкови“

Најпопуларниот јутјубер на денешницата Џејмс Стивен Доналдсон, познат како Mr Beast (господин Ѕвер), направи морничав експеримент поминувајќи седум дена закопан во гроб, секако под земја.

Цела недела Џејмс престојувал под земја во адаптиран ковчег, стаклен, со стандардни димензии, а за време на експериментот се соочил не само со физички, туку и со психички последици.

Најголемиот страв на повеќето луѓе е да бидат живи закопани. Длабоко под земја, без кислород, без излез, во ограничен простор и соочени со клаустрофобичен напад на паника, смртта изгледа како единствена извесност.

Затоа Mr Beas одлучи да го доживее ова застрашувачко искуство под контролирани услови. На овој начин сакал да достигне 200.000.000 претплатници на Јутјуб, што на крајот и му успеало.

Сепак, во неговиот стаклен ковчег имало снабдување со кислород за да не се задуши, но тој земал и лимитирана храна, пет литри вода, па дури и мали тегови за да не му атрофираат мускулите.

После два дена поминати во ковчег под земја почнал да ги чувствува последиците од со часови лежење, како и од недостатокот на простор и сончева светлина. Иако бил многу уморен, не можел да заспие, а солзите сами му течеле. Тој призна дека психички не се чувствува добро.

Неговите тројца пријатели цело време го следеа нговото однесување под земја, комуницираа со него, па дури и правеа шеги за да го расположат, а неговата реакција по седум дена, кога го откопаа и кога ја виде сончевата светлина, беше бесценета.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....