7.8 C
Скопје
00:21 - 27 април, 2024

Погребот на кралицата Елизабета Втора за „влакно“ го урна рекордот по посетеност што 22 години го држеше погребот на Тито: Кој сè дојдоа, а кој не на погребот на кралицата

Беа потребни 22 години да се урне рекордот на посетеност на погребот на Јосип Броз Тито. Погребот на кралица Елизабета Втора е во „тесно“ водство по посетеност на еден државнички погреб во историјата. 

Погребот на претседателот на Југославија на 8 мај 1980 година беше најпосетуван по бројот на присутни политичари и државни делегации. Присутни беа четворица кралеви, шест принцови, 22 премиери, 31 претседател и 47 министри за надворешни работи.

На државниот погреб на кралицата Елизабета во понеделникот присуствуваа 2.000 официјални претставници, меѓу кои 18 монарси, 55 претседатели и 25 премиери.

Активистката и писателка Арнеса Буљушмиќ-Кустура на Твитер напиша дека погребот на кралицата сепак не успеал да го надмине погребот на Тито. Меѓутоа, кога ќе го споредат бројот на земјите-членки на Обединетите нации кои испратија свои делегации, ќе се види дека погребот на кралицата има тесна предност.

На погребот на Тито присуствуваа претставници на 128 земји, што е 83 отсто од тогашните 154 членки на ОН, додека на погребот на кралицата присуствуваа 167 државни делегации, што е 86,5 отсто од сегашните 193 земји-членки на ОН.

Кој дојде, а кој не на погребот на кралицата Елизабета

Официјалниот список на гости не е објавен, но однапред се знаеше дека на погребот ќе присуствуваат повеќе од 500 лидери и функционери од целиот свет. Македонија ја претставуваше претседателот Стево Пендаровски кој дојде во придружба од неговата сопруга.

На погребот дојдоа американскиот претседател Џо Бајден, како и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол. Дојде и францускиот претседател Емануел Макрон, како и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во Лондон не дојде претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, иако беше поканет, но не можел лично да присуствува поради други обврски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Присутни беа и лидерите на повеќето поранешни британски колонии. Канадскиот претседател Џастин Трудо, премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн и австралискиот премиер Ентони Албанес дојдоа од земјите на Комонвелтот.

Кинескиот претседател Си Џинпинг добил покана, но според она што го објавија медиумите, Пекинг испратил „делегација на високо ниво“ предводена од потпретседателот Ванг Кишан.

Претставниците на Сирија, Венецуела и Авганистан не беа поканети, додека поканите за Северна Кореја и Никарагва беа испратени само до амбасадорите. Во Лондон не се појавија ниту лидерите и официјалните лица на Русија, Белорусија и Мјанмар.

Јапонскиот император Нарухито и царицата Масако отпатуваа на погребот, а им се придружија и членови на неколку европски кралски семејства, меѓу кои и семејството Караѓорѓевиќ, пренесува „блиц.рс“

 

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....