06:20 - 12 март, 2026

Почивај во мир вечна барбико: Блиските се збогуваат од пејачката Бади Бекир

Денеска во Скопје почина Небахат Бади Бекир, позната пејачка на народна музика. Нејзината колешка Блага Петреска се прости од неа со емотивни зборови:

-Најубавата и најдобра колешка, незаборавна. Бог да ја прости“, напиша Блага Петреска и сподели статус од пријателката која на Фејсбук се вика Гоца Детла, а е позната менаџерка и хуманитарен работник.

-Драга моја Бади. Тешко е да се најдат вистинските зборови кога срцето е скршено.
Ти беше една светла душа што знаеше да сака, да дарува и да инспирира.
Благодарам за секоја песна, секоја насмевка и секој момент што ќе го носам како топол спомен од тебе. Нека твојот глас и твојата добрина живеат вечно низ сите што те сакаа.
Благодарам што постоеше и во мојот живот, што беше дел од гостите на сцената на многу мои настани, но и дел од сцената наречена живот збогатена со многу наши заеднички дружби.
Почивај во мир, вечна барбико. Нека твојата убавина блеска сега како најсјајна sвезда и нека небото ти ги отвори вратите со истата чистота со која ти ги отвораше срцата кон луѓето. Засекогаш ќе бидеш дел од сите што те сакавм“, нашиша пријателката на Бади Бекир.
Бади Бекир беше една од најпочитуваните пејачки на македонска народна музика. Покрај соло кариерата, таа настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај неа беа и Благица Павловска, Андријана Алачки и Росана Сариќ- Тодоровска. Ја нарекуваа и македонската Весна Змијанац.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....