19.8 C
Скопје
10:22 - 30 септември, 2026

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

Пејачот Бојан Стојков раскажа дека на оброк можел да изеде и до 100 ќебапи, пред да реши комплетно да се трансфомира и да ослабе 20 килограми.

„Имам многу изедено јас искрено, сум се метнал на дедо ми. Дедо ми беше професионален готвач и татко ми секогаш ми кажувал дека јадел количински многу. Со еден другар, ете ќе го поздравам ако гледа, тој е актер, Живко Борисовски. Со него изедовме по 100 ќебапи. По 100 на човек. И мислам дека по уште неколку кременадли и не знам неколку нафори исто имаше на масата. Виното не го споменувам. Многу. Сме јаделе не знам по колку порции крилца. И пак ти се јаде“, рече пејачот во емисијата „Нешто конкретно“. Кога водителката Снеже Велков го праша што би изел сега, тој рече: „Хамбургер, со помфрит, со кечап, мајонез. Сè комплет“, рече пејачот.

Потоа, се пошегува дека во темно многу личи на Бред Пит и рече дека кога почнал да слабее имал близу 100 килограми.

„Не 100, ама некаде 95-96 сигурно. Сега сум 73“, рече Стојков и додаде дека последно бил слаб некаде во средно училиште, а сега ја живее втората младост.

Стојков стана познат кога заедно со Александар Тарабунов имаше успешни настапи во регионалното музичко талент шоу „Музички идол“ кое во 2009 година се одржуваше во Бугарија. Тој настапи на концертот „Тоше, засекогаш во срцата“ кој се одржа во Битола на 5 март во чест на Тоше Проески.

Тој не само пејач, туку е и актер во дел од аматерските театри и хумористичните проекти „Соллзи и смеа“, „Празни муабети“ „Деларте“ од Битола.

Слични објави

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 септември: Намалете ги работните обврски, одмарајте повеќе

apostolova

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо
Се вчитува....