05:05 - 10 ноември, 2026

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Братот на Дарко Лазиќ, Драган Лазиќ, никогаш не сакаше да се експонира пред медиумите, а исто како неговиот постар брат и тој беше пејач.

Тој и Дарко беа многу блиски, а како што  во една прилика рекол, не сакал да биде дел од естрадни емисии бидејќи ги гледал негативните страни од тоа преку примерот на својот брат. Тој пееше и настапуваше со својот бенд, но свесно одлучи да се држи подалеку од светот на шоу-бизнисот.

– Не ми се допаѓа како изгледа таканаречениот шоу-бизнис во нашата земја денес. Не мислам дека ми е потребен. Работам со мојот бенд, имам околу 80 закажани настапи во текот на годината, и тоа ми е доволно – рекол Драган еднаш за „Блиц“.

Тој зборуваше и за својата врска со својот брат, и открил дека му одмогнало што познатиот пејач му е брат.

– Ми одмогна што сум брат на Дарко. Новинарите ме викаат постојано, а јас немам мир. Затоа ги избегнувам медиумите. Не ми забрани да зборувам за него, но искрено – сè што ве интересира, треба да го прашате него – рекол Драган во неодамнешно интервју за „Хајп“.

Да потсетиме, Драган Лазиќ денеска загина во тешка сообраќајна несреќа со мотоцикл. Бил итно пренесен во болница, кадешто го изгубил животот.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....