16.8 C
Скопје
12:44 - 26 март, 2026

(Фото) По третпат се омажи во Швајцарија, па ја снема: Каде е сега згодната фолк-пејачка Сани?

Згодната фолк-пејачка Сани во февруари во 2023 година се омажи во Швајцарија, за Никола Урдаревиќ, а за венчавката многу се коментираше на социјалните мрежи.

Познатата фолк-пејачка по третпат стапна на лудиот камен, а овојпат со нејзиниот избраник Никола Урдаревиќ, менаџер на хотели од Македонија кој живее во Швајцарија.

Фото / Инстаграм

И свадбената веселба, на која ги собраа најблиските, се одржа на швајцарските Алпи во романтично украсен хотел. Сани од првиот брак ја има ќерката Викторија, а од вториот ќерката Ева, кои присуствуваа на веселбата.

Таа ги изненади своите фанови кога во тајност се омажи, а на инстаграм-профилот си го смени своето презиме во Урдаревиќ, откако претходно беше Гроздановска.

Фото / Инстаграм

Згодната пејачка претходно за „Бекстејџ“ претходно раскажа дека ставила крај и на вториот брак со билдерот Мартин Гроздановски.

– Нешто што не го бива, подобро да се прекине навреме како велат – подобро да го спречиш, отколку да го лечиш. Јас сум од тие што не сакаат да пијат лекови и такви работи, и затоа спречив навреме. Затоа што бевме најдобриот пар, затоа и успејаа луѓето околу нас да нè разделат. Меѓутоа, нема врска, животот продолжува понатаму – рече Сани.

Но, пејачката веќе подолго време не е активна на социјалните мрежи, профилот на Инстаграм не ѝ постои, ниту некој знае дали е уште во Швајцарија и дали уште пее.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Харис Џиновиќ во љубовен занес: Ѓина ужива во Барселона со мистериозен маж

Еспресо

(Видео) „Не сум парче месо“: Стојне Николова се отвори за тоа како мажите ја гледаат

Еспресо

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо
Се вчитува....