2.8 C
Скопје
16:35 - 22 декември, 2024

По серијата обвинувања, се огласи Дино Мерлин: „Не сум мразел ни кога роднини ми беа убиени во војната“

Мерлин долго време молчеше, а сега реши да прозборува за се.

Дино Мерлин досега има распродадено три концерти во Штарк Арена во Белград (18, 19 и 21 ноември), а продажбата е во тек за четвртиот концерт, закажан за 22 ноември 2023 година.

Имено, Дино по долга медиумска илегала, проговоре за медиумите за бројните обвинувања кои се појавуваат против него и неговите наводни изјави.

Мерлин ја спомена и петицијата што беше покрената против него за забраната за влез во Србија и призна дека му е драго што таа е укината.

– Мал или незначителен број се изманипулирани – сеедно, тие се сепак изманипулирани луѓе. Можете да возите Формула 1 и 300 км на час, но ако возите во погрешна насока, не сте на вистинскиот пат. Кога некои крајно злонамерни манипулатори поставуваат нешто вакво малициозно за изјаснување, тогаш обичниот човек кој само ги чита насловите реагира како што реагира; не проверува, само кликнува, затоа што не треба многу труд за да се кликне. Искрено кажано, жалам за луѓето кои се изјаснуваат врз основа на вакви ноторни невистини. Но, убеден сум дека огромното мнозинство со гадење ги отфрла овие и слични петиции и иницијативи кои нанесуваат непоправлива штета на општеството во целина и на сите нас. Секако, мило ми е што во меѓувреме е отстранета петицијата, што и очекував да се случи, и тоа е единственото што е праведно. Затоа што, како што вели старата мудрост: „Некои луѓе можете да ги лажете цело време, и да ги лажете сите луѓе некое време, но не можете да ги лажете сите луѓе цело време“ – рече Мерлин и додаде дека тој не мразел никого дури ни кога најблиските му загинале во војната, пренесува српски Телеграф.

– Како жртва со тешки лузни, бидејќи во војната ми загинаа мојата десна рака и менаџер Кемал Бисиќ, басистот Александар Аќимовиќ, клавијатуристот и саксофонист Мустафа Нурак Буги, таткото на мојата сопруга, Незир Пољо и уште неколку членови на нашето семејство, и да не набројувам понатаму – можете да замислите колку во тие мигови бев лут и очаен, но и тогаш не мразев – апсолутно сум сигурен дека помирувањето на овие простори нема алтернатива. Сите ние, со секој дел од нашето битие, мора да работиме за тоа, бидејќи ништо нема да дојде само по себе. Пред се, не смееме да бидеме рамнодушни кон говорот на омраза, бидејќи, како што знаеме, фашизмот никогаш не е доаѓа прво во униформите, туку во ваквиот брутален говор. Ни треба наратив кој влева доверба и надеж за иднината, но мораме да бидеме отворени и искрени. Некои луѓе мора да поминат низ катарза и барем да знаат да кажат „извини“ – понекогаш тоа не е лесно, но ослободува. Начинот на кој живеам и работам, а тоа најдобро се слуша и чувствува во моите песни, како се однесувам приватно и јавно, како се трудам да ги зближам луѓето, да ги израмнам несогласувањата, и да ги залечам раните. На концертите често зборувам за тоа како треба да ги почитуваме потребите на другите и различните луѓе и, ако погледнеме малку подобро, ќе видиме колку повеќе има од она што не обединува отколку од она што не разделува – искрен е Мерлин.

Дино Мерлин додава и дека е горд што одзивот за неговите концерти во Белград е голем.

– Ова е навистина потполно неочекувано и многу сум благодарен на сите кои ја искажуваат оваа чест на моите песни и мене. Се надевам дека оваа голема доверба на мојата публика ќе ја оправдам. Уште отсега се обидувам да се фокусирам, колку што е возможно, на оној најважен, креативен дел – вели Мерлин.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....