14.8 C
Скопје
22:20 - 8 октомври, 2026

По навредите, Јована Јеремиќ му се извини на Ражнатовиќ: „Вељко, во право беше“

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на боксерот и син на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, признавајќи дека бил во право во критиките околу истурањето света вода на подот.

Водителката сега му се извини на Ражнатовиќ за потегот што го направила на својот роденден, иако смета дека тој претерал и не требало јавно да ја прозива.

„Оние што се лепеа за мене сакаа да привлечат внимание, изнесуваа страшни лаги. Тоа со Слоба Радановиќ го решивме, таа кавга беше сосема непотребна. Немаме никакви проблеми. Таму беше и Вељко Ражнатовиќ. Требаше да има разбирање, затоа што останав без татко, самохрана мајка сум, поминав голгота како и Цеца, и имам огромна почит кон неа. Но младиот Вељко во едно беше во право – светата водичка не се истура на под. Вељко, во право беше. Само не требаше да ме напаѓа, затоа што не разбра зошто го направив тоа. Жените на моите партнери прават магии против мене бидејќи мислат дека сум им земала нешто што е нивно. Тоа нема никаква логика“, изјави Јована во емисијата „Шок-ток“.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ претходно откри дека била жртва на црна магија од страна на колеги на телевизија „Хепи“. Таа зборуваше и за конфликтот со сопственикот на Хепи, Предраг Ранковиќ Пецони, како и за причините за нејзиниот заминување, споменувајќи непријатности што ги доживеала таму.

Слични објави

Сузана Манчиќ ја објави првата фотографија со внукот – не ја тргна насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Лејла Филиповиќ го прослави 50. роденден на гламурозна забава, ѝ запеа и Петар Грашо

apostolova

Трајче Манев четири децении по победата на „Макфест“ зборува зошто „Осамен“ му е посебна: Тоа е песна што сум ја создал со еден здив

Еспресо

Кавгата меѓу Аца Лукас и Неда Украден не стивнува: „Не може тој, познат како ’сплав‘, да ме закача мене“

Еспресо

Ана Николиќ му се закани на Раста поради песните со Сека Алексиќ, пејачката веднаш ѝ возврати

E.A.

„Ми должат песна, јас ја платив“: Надица Адемов проговори за караницата поради Рада Манојловиќ и за колешката која му пишувала на нејзиниот сопруг

E.A.
Се вчитува....