08:04 - 9 ноември, 2026

(Фото) Најнежната честитка со посебен повод: Александар Митевски е горд на ќерка си

Најнежната честитка за роденденот на својата ќерка, ја објави продуцентот Александар Митевски. Тој сподели фотографија со својата Мања кога била мала, со роденденска торта.

Иако Мања е сега веќе возрасна, пејачот и автор носталгично се сети на времето кога била дете и ѝ посвети посебна песна: „Живиш у облацима“ од Здравко Чолиќ.

Фото/ Фејсбук

Инаку, Александар Митевски во кругот на најблиските ја прослави домашната слава Свети Архангел Михаил. Со своите ќерки, Ања и Мања, сопругата Ана и нивното милениче во домашна атмосфера ги пречекале своите драги гости.

Сопругата на Александар Митевски е позната уметница и успешна во својата работа.

Митевски е актуелен со хитовите и настапите со актерот Драган Спасов-Дац со кој настапува како дуото Дац и Александар.

Александар Митевски со сопругата Ана и со ќерките Ања и Мања Фото / Фејсбук

На 21 септември, Митевски и неговата сопруга прославија 25 години брак.

„Поминаа 25 години. Ана и Александар слават 25 години брак. Заедно со ќерките Ања и Мања“, напиша Митевски тогаш на Фејсбук.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....