10.8 C
Скопје
17:51 - 30 март, 2026

(Фото) По навредите за сопругот, се огласи сопругата на Александар Михајловски, во приказната е и татко му Тони

Многумина го навредуваа актерот Александар Михајловски откако призна дека користел наркотици и пиел многу алкохол, во поткастот на Стефан Лазаров.

По овие навреди, се огласи неговата сопруга на нејзиниот инстаграм-профил. Споделувајќи многу лоши коментари од социјалните мрежи, таа напиша:

– Овие се тие што одат директно во рајот, безгрешните! Се надевам дека децата ваши се на правиот пат и најискрено се надевам дека ја немаат вашата култура и гнасотија во душата како вас.

Ја не можам да сум погорда жена, и да исти се со татко му, прекрасни!“, напиша Ангела Мицоска која со Александар има син.

Познатиот актер Тони Михајловски е исто така мета на лоши коментари и навреди.

Фото/ Инстаграм

Александар Михајловски, постариот син на Тони Михајловски, во јули во 2018 се ожени со неговата колешка, прилепчанката  Ангела Мицкоска. Двојката се сврши во јануари истата година, една година пред тоа го добија синот Матео.

На свадбата, тогаш беше и покојниот Андреј Ѓорѓиески од дуото „ДНК“ кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Братот на Андреј, актерот Александар Ѓорѓиески е колега со Александар Михајловски, и тој е на фотографијата која ја објави Андреј.

Од свадбата на Александар Михајловски во 2018 Фото/ Инстаграм

– Сега сме и официјално фамилија – напиша на Фејсбук Андреј тогаш.

– Не можев да се замислам без да дувам и да пијам. Јас сам се излечив со спорт. Почнав да трчам. 4-5 години не пијам алкохол, не консумирам никакви наркотични супстанци, две години не дувам – рече актерот во поткастот.

Фото/ Инстаграм

 

 

 

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....