5.8 C
Скопје
02:09 - 1 април, 2026

Пике реагира по видео-спотот на Шакира во кој „глумат“ и неговите деца: Во шок е, ќе ја тужи!

Оваа недела Шакира уште еднаш се најде на насловните страници објавувајќи го спотот за песната „Акростико“ во придружба на нејзините деца Милан и Саша.

Во видео клипот, кој очигледно е снимен во куќата во која живееле во Барселона, неколку дена пред да се преселат во Мајами, може да се видат децата како пеат покрај својата мајка и ја придружуваат на пијано.

За песната, Шакира на социјалните мрежи изјави дека Милан ги направил првите чекори во композицијата, додека Саша се посветил на музицирање на пијаното.

Песната наиде на многу добри критики, од емотивниот спот до музичкиот настап на Милан и Саша, кои добија бројни пофалби.

Но, има некој кој очигледно воопшто не е среќен поради оваа ситуација и тоа е никој друг туку Жерар Пике.

Шпанскиот весник „20 минути“ ги обработува изјавите на новинарката Лорена Васкез во „Y ahora Sonsoles“, во кои таа укажува дека поранешниот играч на Барселона се шокирал дека неговите деца се во видеото на нивната мајка, а негова поранешна партнерка, „кога видеото ја видело светлината“.

„Тој не знаел, ниту е побарано дозвола, ниту овластување и се чини дека ниту неговите деца не му кажале“, објасни Васкез.

Гневот на Пике поради тоа што не бил информиран за учеството на неговите деца во видеото кое го гледа „целиот свет“ е толку голем што тој веќе се обратил до своите адвокати за да види што може да се направи во однос на тужба кон поранешната партнерка.

„Тој е во шок. Тој разговараше со својот адвокат за да види што може да се направи во врска со тоа“, рече новинарката Мариса Мартин Бласкез.

Новинарките во емисија „Ya es mediodia“ стапија во контакт со блискиот круг на Пике кои рекоа дека „Ова ќе означи пред и потоа меѓу нив“.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....