25.8 C
Скопје
15:11 - 28 април, 2024

Патот кон себе: Поставување цели

Чувството „јас тоа го направив“, го подигнува нивото на серотонин во организмот, но и го охрабрува поединецот дека тој автономно и самостојно преку своите одлуки може да го дизајнира својот живот и наместо жртва на луѓе и околности, да стане креатор на сопствената среќа.

Крајот на годината вообичаено е во духот на поставување цели. Поставувањето цели само по себе не значи ништо. За да се постигнат, потребно е делување. За делување, потребна е мотивација.
Дали си поставувате цели што сакате да ги постигнете? Дали ги остварувате или остануваат пуста желба?

И како од желба да се дојде до посакуваниот исход?

„Најефективниот начин да го направите тоа е да го направите тоа“, се зборовите на Амелија Ерхарт, првата жена што го прелетала Атлантикот.

„Не мора да бидеш херој за да постигнеш големи работи. Можеш да бидеш обичен човек, доволно мотивиран за да постигнеш предизвикувачки цели“, рекол Едмунд Хилари, првиот човек што го искачил Монт Еверест.

Причината зошто овие подвизи се постигнати се должи на онаа мотивација што ја нарекуваме интринзичка, која доаѓа однатре. Интринзичката мотивација се нарекува инспирација. Ако во целта гледаме лична смисла, ние ќе бидеме внатрешно мотивирани да ја оствариме.

Но, често работите не тргнуваат според нашата замисла или, пак, она во кое гледаме смисла, не е поддржано со ресурси и план. Тогаш изгледите за реализација се сè подалечни, мотивацијата ќе падне, може да нè опфатат емоции на обесхрабрување и разочараност и желбата да остане само сон.

Егзипери рекол дека „целта без план е само желба“.

Оттука, ако првиот услов сонот да стане конкретна цел е поединецот да гледа смисла во неговата реализација, вториот услов е желбата да се стави во рамка на потребни активности.

Прашањето е што конкретно треба да направам тоа да се случи?

Понатаму, третиот услов е да се видат потребните ресурси. Односно да се одговори на прашањето, што ми треба за тоа да се случи?

Тука и времето како ресурс е важно да се внесе.

Потоа е четвртиот чекор, да се одговори на прашањето: Што би можело да тргне „на лошо“. Да се размисли за потенцијалните ризици по реализацијата.

И потоа да се направи конкретен план, со специфични активност и временски одреден.

Добра алатка при поставувањето цели се т.н. С.М.А.Р.Т критериуми. Тие бараат целта да биде:

С (specific) – специфична
М (measurable) – мерлива
А (achievable) – достижна
Р (realistic) – реална
Т (timeline) – временски одредена

На пример, целта ми е да ослабам. Прашањата би биле: Колку? Дали е реална цел да се ослаби 10 кг за два месеца? Ако не, да се стави во реални рамки. Што ми е потребно? На пример, одредена храна, фитнес справи или едноставно време за вежбање? Кога ќе се одговори на овој начин, ако желбата е да се ослаби, целта би била да ослабам 5 кг за два месеца ако вежбам двапати во неделата и од менито значително ги намалам (или ги исфрлам) лебот и слатките.

Поставувањето цели е важен елемент кон благосостојбата бидејќи индивидуата ја зајакнува својата автономија. Чувството „јас тоа го направив“ истовремено го подигнува нивото на серотонин во организмот, но и го охрабрува поединецот дека тој автономно и самостојно преку своите одлуки може да го дизајнира својот живот и наместо жртва на луѓе и околности, да стане креатор на сопствената среќа.

Ида Протугер, психолог, тренер за личен и организациски развој
www.idaprotuger.com

Слични објави

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо
Се вчитува....