11:33 - 15 февруари, 2026

Ова се главните ѕвезди кои ќе настапат на концертот за крунисувањето на Чарлс Трети: Двајца Американци и еден Италијанец

Главни ѕвезди на концертот по повод крунисувањето на кралот Чарлс III од Велика Британија ќе бидат Take That, Кети Пери и Лајонел Ричи. Ова го соопшти радиодифузната корпорација Би-Би-Си, која го има правото за пренос во живо.

Концертот е закажан за 7 мај, ден по крунисувањето. Ќе се одржи во замокот Виндзор, резиденцијата на британските монарси. Настапот во живо ќе може да го гледаат околу 20.000 луѓе. Главните теми на концертот, според организаторите, се „љубов, почит и оптимизам“.

Само поради крунисувањето и честа за Чарлс Трети, членовите на познатиот британски бенд Take That ќе излезат на сцената за прв пат по четири години. Уште две ѕвезди на концертот доаѓаат од САД, но одамна се запознаа со кралското семејство. Тоа се Лајонел Ричи, светски амбасадор на  Prince`s Trust, добротворна организација основана од – во тоа време – принцот Чарлс во 1976 година. Кети Пери пак, е избрана за глобален амбасадор во 2020 година на British Asian Trust, организација основана е од принцот од Велс во 2007 година со азиски и британски бизнисмени со цел да се бори против сиромаштијата во Јужна Азија.

На концертот ќе учествува и велшкиот оперски пејач Брин Тервел; една од омилените британски пејачки на кралот Чарлс – Фреја Рајдингс и италијанскиот тенор Андреа Бочели.

Слични објави

(Фото) По операција на носот во Турција, момчето ѝ приреди незаборавно изненадување на Нина Џогани

Еспресо

Ова е сестра на Гога Секулиќ: Јавноста по прв пат има прилика да ја види на најтажниот ден за семејството

Е.А.

Погребана мајката на Гога Секулиќ, поранешниот сопруг не се одвојува од неа

Еспресо

(Фото) Станија покажа како ужива со новото момче на Бахамите: По Асмин – повторно блеска!

Еспресо

(Видео) Се соблече во костим за капење среде зима: Сека Алексиќ знае како да ужива во Дубаи

Еспресо

(Фото) Секси бикини: Александра Младеновиќ го „запали“ Инстаграм со фотографиите од Дубаи

Еспресо
Се вчитува....