13:16 - 27 ноември, 2026

Ова е мајката на Илина Арсова, ќерката ја однесе на посебно место

Илина Арсова ја покажа својата мајка со која замина на ова посебно, свето место. По сликата се гледа дека на двете дами им годи заедничкото патување.

Арсова со мајка си замина во манастирот Острог, во Црна Гора, според сликата која ја објави на нејзиниот Инстаграм профил.

Фото / Инстаграм

Нашата позната планинарка и уметница повремено споделува фотографии од нејзините родители, кои се вистински пример како се одржува љубовта и како се ужива во животот.

Годините не им се никаква пречка да ги прават истите нешта како во младоста. Во една прилика, таа сподели слика од нив како заедно возат велосипед и напиша: „Моите херои“.

Познатата планинарка и уметница се врати од Америка каде што беше неколку години и сподели приказна од Охрид. Арсова на Универзитетот во Тенеси беше на докторски студии и работеше како професор на одделот за кинезиологија, рекреација и спорт.

Илина Арсова со мајка си Фото / Инстаграм

Последниве објави на Илина се од Македонија и поврзани со Македонија. Таа одамна не објавила нејзина фотографија од Америка. Останува самата да открие дали засекогаш се враќа дома или повторно ќе замине во САД.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....