08:16 - 12 март, 2026

„Отсекогаш сум била со постари“: Девојката на Лазар Ристовски откри дали сака да се омажи

Познатиот српски актер Лазар Ристовски е во врска со 39 години помладата колешка Аница Лазиќ со која ја започна својата романса по разводот со Даница Ристовски.

Тие двајца не ја кријат својата љубов, а Аница често објавува неколку заеднички фотографии на Инстаграм.

Младата актерка во јавноста умерено зборува за љубовта кон Ристовски, а неодамна проговори и за венчавката и љубовта со Лазар.

– Јас многу не фантазирав за венчавка кога бев девојче, ниту денес тоа ми е многу важно. Јас тоа повеќе го гледам како форма, а мене поважна ми е суштината. Ние жените сакаме да носиме венчаници. Не страдам за тоа да се омажам, поважно ми е да ја живеам суштината на љубовта, а тоа веќе го имам, му благодарам на Господ – рекла таа.

Аница се соочи со големи осуди, но јасно и гласно застана во одбрана на љубовта. Како што вели, негативните коментари уште повеќе ја зацврстиле.

– Си дадов ветување дека ќе бидам храбра во љубовта, нема да дозволам да бидам кукавица и секогаш ќе го правам она што го бара моето срце – изјавила тогаш таа во емисијата „Премиера“.

– Од мала се дружам со постари од мене. Сакам да ги слушам нивните искуства и да ја набљудувам нивната мудрост. Иако ги посетував најдобрите училишта во Белград, никогаш не го сакав училиштето, а сега знам и зошто. Таа не ми даде одговори на прашањата што мене ме интересираа. Не ми даде слобода, не ми ја разбуди креативноста. Не ми се допаѓаше некој друг да ми кажува кога да седнам, кога да станам, кога можам да одам на одмор, а кога да одам дома. Најмногу од сè ми пречеше седењето во клупа со часови. Секогаш бев одлична ученичка, но тоа не ми причинуваше многу радост“, изјавила, меѓу другото, во споменатата колумна.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....