10.8 C
Скопје
18:43 - 24 март, 2026

Отпуштена комесарката за човечки права Денисова; повеќе е во „топлата Европа“ отколку во Русија и Белорусија

Украинскиот парламент ја отстрани од функцијата комесарката за човекови права, Људмила Денисова, тврдејќи дека ја фокусира својата работа на злосторства од сексуална природа „што не можат да се потврдат со докази, што ѝ нанесува штета на Украина и го одвлекува вниманието на медиумите за реалните потреби на Украина“.

Според агенцијата Интерфакс-Украина, парламентарците се изјасниле и за лошите резултати на еврокомесарката во создавањето хуманитарни коридори и размената на воени заробеници, како и за фактот дека таа поминала време во „топлата Западна Европа“ за време на руската инвазија, „но не во Русија или Белорусија, каде што нејзиниот статус и овластувања би можеле да им помогнат на затворениците“.

Денисова пак, најави дека ќе поднесе жалба на предлогот за недоверба што го изгласа парламентот, известува Униан.

„Ме отпуштија спротивно на Уставот, украинските закони и меѓународните стандарди. Ќе се жалам на оваа одлука на суд. Законот е ист за сите“, напиша таа на Фејсбук.

Слични објави

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....