22:48 - 22 декември, 2024

Откриена исхраната на Меган Маркл: Секој ден ИСТ РУЧЕК, ситни исклучоци за викенд, еве ја целата листа на намирници!

Повторно на Интернет и во странските медиуми во фокус се навиките во исхраната на членовите на семејството Виндзор а, особено, на Меган Маркл. Се тврди дека поранешната војвотка, отсекогаш го готвела истиот ручек.

Сопругата на принцот Хари, уште како холивудска глумица, го пронашла совршениот трик – ем да не се откаже од задоволствата на трпезата, ем да внимава на својата физичка форма и детално да се грижи за исхраната.

Од нејзиното деби на телевизија и на филмското платно, Меган Маркл отсекогаш покажувала завидна физичка форма, совршена до секој детаљ, а како резултат на напорна работа на полето на фитнесот и главно на исхраната.

Поранешната војвотка од Сасекс, всушност, е многу строга во однос на нејзината секојдневна исхрана.

Прво и задолжително сосема ги исклучила јагленохидратите од исхраната (леб, тестенини, ориз, компири..) и секако слатките.

Имено, поранешната војвотка веќе долго време следи диета која вклучува ручек на база на салата (зелечнук) со пилешко месо или туна, совршен микс на протеини и растителни влакна неопходни за нашето тело, а кои во исто време даваат чувство на ситост. Чипс? НИ случајно, но затоа е добредојден чипсот од зелка испржен на маслиново масло. Но ова мени го практикува само за ВИКЕНДИТЕ и ПРАЗНИЧНИТЕ ДЕНОВИ, додека во текот на работните денови месото е сосема исклучено! Односно, се држи до веганска диета, а тоа значи само зеленчук.

Денот го започнува без кафе, всушност Меган воопшто не конзумира кафе! Наместо тоа – за појадок редовно пие зелено смути направено од 1 јаболко, кељ, 1 лимон, малку ѓумбир и спанаќ.

Таа самата своевремено изјави дека во периодот кога била глумица појадувала овесна каша и банани, прелиени со сируп од агава, но подоцна се откажала од ваквиот појадок сметајќи дека зелените смути се похранливи и поглеми пријатели на нејзината фит форма.

Меѓуоброци? Многу малку од овошје (бидејќи содржи шеќер) и тоа само до 14 часот, а редовно, секојдневно пие по чаша – Камбуха. Смета дека камбухата е „природен извор на енергија што доаѓа во вашиот организам како убава опомена за сите моменти кога не ги третираме нашите тела со почит“.

За вечера? Киноа, црна зелка, и најчесто морски плодови. Но, некогаш и јајца. Меган многу ги сака јајцата, па кога е на патувања, знае смутито за појадок да го замени со омлет со спанаќ.

Што си дозволува за време на викендите?

Некои навистина неверојатни јадења, како пилешко адобо во филипински стил, риба циопино (супа) и, се разбира, печено пилешко. „Нема ништо повкусно од совршено печено пилешко“, смета Меган.

За полежерни вечери, Меган сака убава чинија тестенини наросени со пармезан или со тиквички или такос со лосос.

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....