04:34 - 24 ноември, 2026

Осум години од заминувањето на актерската дива Милена Дравиќ: Животната приказна на иконата која делеше сè со легендарниот Драган Николиќ

На денешен ден се навршуваат осум години откако нè напушти незаборавната југословенска и српска глумица Милена Дравиќ, една од најзначајните уметници на овие простори, чиј богат живот, вонреден талент и вечна љубов со Драган Николиќ останаа врежани во колективната меморија.

Родена во Белград на 5 октомври 1940 година, Милена уште во раното детство покажала интерес кон уметноста, започнувајќи со балет. Нејзиниот почеток во филмскиот свет бил сосема случаен – за време на престојот во Сараево во 1958 година, ја забележал словенскиот режисер Франтишек Чап и ѝ ја доверил улогата во филмот „Вратите остануваат отворени“.

Тоа било само почеток на брилијантна кариера која опфати повеќе од половина век. За нејзиниот уметнички придонес беа потврдени бројни признанија, меѓу кои седум Златни арени во Пула.

Покрај импресивната кариера, нејзиниот приватен живот бил обележан со големи љубови. Пред да ја пронајде својата вистинска среќа покрај легендарниот Драган Николиќ, Милена била во брак со режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ, а потоа и со режисерот Војислав Кокан Ракоњац, кој предвреме починал.

Судбинската љубов со Николиќ започнала кон крајот на 1971 година, кога на паузата за ручек за време на снимањето во Звездарската шума отидоа во Општина Врачар и се венчаа, со кумата Сека Саблиќ. Нивниот брак кој траеше сè до неговата смрт во 2016 година важеше за еден од најхармоничните на естрадата, исполнет со меѓусебна почит, хумор, но и хумани дела кои ги правеа во целосна тишина.

Милена Дравиќ почина на 14 октомври 2018 година по тешка болест, а почитувачите и колегите ја испратија во Алејата на заслужните граѓани на гробиштата бо Белград, каде што сега почива покрај својот сакан Драган.

Слични објави

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо

„Живеам на село и не ми е гајле за килограмите“: Индира Радиќ проговори за своето здравје и повлекувањето од сцената

Еспресо

(Фото+видео) Хрватската мис прошета на Мис Универзум во фустан направен од 200 старински миленца

Еспресо

„Ајде да ставиме крај и секој по својот пат“: Мустафа Сандал проговори за Емина Јаховиќ и разговорот што му го променил животот

Еспресо

„Имаме куќа и неколку станови“: Јована Јеремиќ и Тигaр открија каде ќе живеат по свадбата

Еспресо

(Видео) „Ми стоеја кнедли во грлото“: Бојана Скендеровски им посвети песна на децата без родителска грижа

Еспресо
Се вчитува....