Марија Шерифовиќ пораснала во музичко семејство, а талентот за пеење го наследила од мајка ѝ Верица Шерифовиќ. Но, покрај музичката кариера, нејзиниот живот го одбележала и една семејна приказна за која дознала уште како девојче – сознанието дека има полубрат, Даниел Павловиќ.
Даниел на јавноста ѝ стана познат во 2008 година, кога се натпреваруваше во музичкото шоу „Операција триумф“. Подоцна учествуваше и во други реални шоуа, каде што, покрај музичкиот талент, ги покажа и своите завидни способности за имитација.
По професија е пијанист, а со години соработува со пејачи. Во меѓувреме, ја основал и сопствената школа за пеење.
Откако се појави на јавната сцена, многу се зборуваше и за неговиот однос со Марија. Јавноста ја интересираше колку се блиски, каков однос имаат како брат и сестра и дали постои можност еден ден да ги спојат гласовите и да снимат дует.
Даниел, според зборовите на Марија, е роден од вонбрачна врска на нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ.
„Беше болно и директно“
Марија денес не се сеќава со сигурност кој ѝ кажал дека има полубрат. Сепак, претпоставува дека тоа била Драгиња, мајката на нејзиниот татко Рајко.
„Не се сеќавам точно кој ми кажа дека имам полубрат, но мислам дека тоа беше Драгиња, мајката на Рајко. Ние во семејството никогаш не наоѓавме најправилни и најбезболни начини некому нешто да му кажеме. Секогаш беше болно, директно, а според мене, тоа е чесно“, раскажала Марија своевремено.
Според пишувањата на домашните медиуми, Марија и Даниел оделе во исто основно училиште, а меѓу нив има само девет месеци разлика. Марија е родена во ноември 1984 година, додека Даниел е роден во јули следната година.
„Станав негов заштитник“
И покрај околностите во кои дознала за полубратот, Марија јасно ставила до знаење дека тоа никогаш не влијаело врз нејзините чувства кон Даниел. Од самиот почеток го доживувала како член на своето семејство и сакала да му биде потпора.
„Во тој момент јас, како постара сестра, станав негов заштитник. Сите луѓе кои имаат каква било генетска врска со мене ја имаат и целата моја поддршка, сета моја сила, сите мои крилја“, одлучно рекла Марија.
