-0.2 C
Скопје
19:18 - 21 јануари, 2026

Од бајка до судска битка: Љубовната приказна на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал

Кога Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се појавија заедно на почетокот на 2000-тите, јавноста веднаш ги препозна како еден од најубавите и најхармонични парови на регионалната сцена. Не само што ги спојуваше музиката, туку и искрената поврзаност која, како што велеше Мустафа, му била „најголема животна инспирација“. Денес, две децении подоцна, нивната приказна изгледа сосема поинаку – од филмска романса до долги правни процеси и тензии што не стивнуваат.

Тие се запознале во Истанбул, во период кога Емина интензивно ја градеше својата музичка кариера. Веднаш почувствувале силна привлечност – приватно и професионално. Тие постојано беа заедно на настани, снимаа, соработуваа, а медиумите ги претставуваа како „совршен спој на две музички култури“.

Блескавата љубов кулминираше во 2008 година, кога се венчаа на интимна церемонија во Истанбул.

Фото: Инстаграм

Во годините што следеа, Емина и Мустафа добија двајца синови и важеа за стабилно семејство кое вешто ја чува приватноста подалеку од медиумскиот блесок.

Иако изгледаа како пар од списание, нивната љубовна приказна не доби среќен крај. По една деценија брак, во 2018 година се разведоа. Брзо потоа, во јавноста започнаа да се појавуваат информации за недоразбирања, финансиски спорови и правни постапки кои полека ја рушеа сликата за поранешниот идеален пар.

Мустафа се ожени повторно, со две децении помлада партнерка Мелиса. Емина, пак, внимателно го чува својот приватен живот, ретко зборувајќи за нови романтични врски.

Фото: Инстаграм

По разводот, Емина го тужеше Мустафа за ненавремена исплата на алиментацијата и други финансиски обврски од договорот за развод. Сандал возврати со контратужба и, според турските медиуми, доставил докази дека уплатил 1.8 милиони турски лири, односно околу 115.000 евра.

Емина во неколку наврати зборуваше јавно за процесот, нагласувајќи дека не се работи за пари, туку за принцип. Таа јавно го обвини и дека не е искрен во тврдењата за финансиски проблеми.

Овие денови, турските медиуми повторно ја отворија приказната: Емина поднела нова тужба, тврдејќи дека Мустафа не ги исполнил обврските од договорот за развод потпишан во 2018 година.

Фото: Инстаграм

Според објавените детали, договорено било:

  • Емина да го добие старателството над нивните синови
  • 2 милиони долари од продажбата на заедничката куќа во Бејкоз
  • Дополнителни 500.000 долари за школување на децата
  • Купување стан за неа и децата во Србија
  • Редовна исплата на алиментација

Меѓутоа, според емисиите и написите, Јаховиќ тврди дека дел од обврските, особено околу исплатите и логистичката поддршка за децата, не биле исполнети, што ја натерало да покрене нова правна постапка.

На последното судско рочиште во Истанбул, двајцата поранешни сопружници повторно се соочиле лице в лице.

Слични објави

(Фото) Каспер со дијамантски прстен ја запроси Мина Костиќ во живо во емисија: Таа рече „да“, па се прекрсти

Еспресо

Колеги ја обвинуваат Мина Костиќ за кражба на бакшиш: „500 евра ги задржа за себе!“

Еспресо

(Фото) Вистинско изненадување: Меган Трејнор стана мајка по третпат и сподели трогателна објава

Еспресо

Шабан Шаулиќ години славеше Свети Јован, иако беше муслиман

Е.А.

(Фото) Северина на премиерата на филмот „Свадба“ се појави со чанта вредна 2800 евра

Еспресо

Тетката на бугарскиот пејач Азис откри: „Го исчистив животот на Васко од темни сили“

Е.А.
Се вчитува....