9.8 C
Скопје
15:49 - 31 март, 2026

Њујоршката полиција негира дека папараците ги бркале принцот Хари и Меган Маркл: „Имаше само едно возило со папараци“, далеку од случајот со принцезата Дајана

Њујоршката полиција не ја поддржа изјавата на претставникот на принцот Хари и Меган Маркл дека папараците ги бркале два часа, пренесува „Њујорк Пост“.

Според извори во њујоршката полиција, папараци навистина биле зад парот околу еден час, но тие биле стопирани и испратени во придружба на полицајци. И немало никакво прогнување или загрозување на животот на војводите од Сасекс.

Извор близок до висок претставник на полицијата изјавил за „Њујорк пост“ дека полицијата не добила никакви повици за опасност или вонземирување на линијата 911 во врска со „прогнувањето“ на војводите од Сасекс. Друг извор рече дека папараците поминале покрај двајцата полицајци откако принцот Хари и Меган Маркл го напуштиле Зигфилд околу 21:50 часот.

„Имаше само еден автомобил. [Потерата] дефинитивно не траеше два часа “, рече изворот за Њујорк пост.

Принцот Хари и Меган Маркл биле придружувани од приватно безбедносно возило и возило на Њујоршката полиција.

Потсетуваме, вчера принцот Хари и Меган Маркл се пожалија на прогонување од папараци во Њујорк, а американските медиуми известуваа дека „за малку ќе завршеле како принцезата Дајана“ и дека едвај избегнале катастрофална несреќа.

Безмилосна потера на папараци по Хари и Меган, за влакно избегнале катастрофална несреќа

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....