16.8 C
Скопје
22:59 - 29 септември, 2026

Нови критики за Амбер Херд: Не може да му плати на Џони Деп, а се вози со приватен авион

Амбер Херд е забележана како патува со приватен лет, откако рече дека не може да му ја плати на Џони Деп сумата за отштета одредена од судот.

Помина повеќе од една недела откако поротата со големо мнозинство се изјасни во корист на Џони Деп во неговото судење за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, а актерката беше забележана како излегува од приватен авион неколку дена откако преку своите адвокати изјави дека не е во можност да ја плати сумата што ја утврдила поротата.

Џони Деп ќе мора да се врати на суд, и пак ќе го брани Камила Васкез

Херд ќе мора да плати 10 милиони долари, но нејзиниот адвокат јавно кажа дека глумицата не може да си дозволи да плати толку многу и дека ќе биде поднесена жалба.

Нејзината финансиска состојба веќе беше во центарот на медиумското внимание и сега гласините станаа уште посилни откако Амбер беше забележана како патува со приватен авион.

Според TMZ, ѕвездата на Aquaman отпатувала во Њу Џерси за да присуствува на неколку состаноци пред повторно да се врати во Вашингтон. Нејзината сестра наводно ја придружувала, заедно со уште најмалку две лица, иако не е јасно за што точно станувало збор на состаноците.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....