8.8 C
Скопје
18:32 - 19 март, 2026

НИКОЛАС КЕЈЏ ИСФРЛЕН ОД РЕСТОРАН: Актерот бил пијан и бос, мислеле дека е бездомник

николас кејџ

Холивудскиот актер Николас Кејџ бил исфрлен од елитен ресторан, а очевидци велат дека сето тоа се случило бидејќи изгледал како бездомник.

Имено, списанието „The Sun“ објави видео на кое се гледа како обезбедувањето на ресторанот го исфрла 57-годишниот Кејџ.

николас кејџ
Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

 

Очевидци за споменатиот магазин изјавиле дека актерот пиел виски и текила, а потоа станал агресивен. На видеото се гледа како седи облечен во леопард панталони и апостолки, а потоа почнува да вика.

„Бевме во тој бар кога забележавме еден човек за кој првично мислевме дека е пијан бездомник. Се однесуваше лудо. Бевме шокирани кога подоцна се покажа дека е Николас Кејџ. Тој беше целосно уништен и се расправаше со персоналот. Актерот беше во многу лоша состојба и одеше бос. Персоналот ни кажа дека пиел текила и виски. Викаше по луѓето и се обидуваше да се пресмета, а потоа персоналот го замоли да си замине“, изјавиле очевидците.

 

 

View this post on Instagram

 

Shared post on

 

 

 

 

„Беше толку пијан што едвај ги облече апостолки пред да го испратат. На крајот, еден од гостите на ресторанот го однесе дома“, додаваат тие.

Ова не е првпат актерот да биде снимен пијан во јавност. Во март 2019 година, тој беше снимен како вика додека аплицира за дозвола за брак во Лас Вегас. Потоа се ожени со својата четврта сопруга, Ерика Коике.

Четири дена по венчавката, тој побара поништување, тврдејќи дека бил пијан и не знаел што прави. Во февруари оваа година, тој се ожени по петти пат, исто така во Лас Вегас, со Рик Шибат.

Слични објави

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

Што им носи пролетта на поле на љубовта на хороскопските знаци

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

(Фото) „Те носам со себе додека сум жив“: Најдобриот пријател на Драган Лазиќ стави тетоважа во негова чест

Еспресо
Се вчитува....