10.8 C
Скопје
19:57 - 7 март, 2026

Никој не би ѝ ги дал годините: Ребека денеска слави роденден, а најважната личност ѝ посвети емотивна честитка

Пејачката Ребека Јанковска- Ристеска денеска слави роденден, а со емотивна порака ѝ го честиташе една од најважните личности во нејзиниот живот.

Тоа е нејзината мајка, Роза Катиновска, позната спикерка од Македонската радио телевизија, која во чест на овој ден, за својата постара ќерка напиша:

„Среќен роденден моја Ребека, моја прва радост. Нека зракот на овој ден ти ја исполни душата со убави чувства. Нека Бог ти подари сѐ што сакаш и ти сочува се што имаш и љубиш.Те сака мама“, нашиша Роза Катиновска.

Фото/ Фејсбук принтксрин

Иако никкој не би ѝ ги дал, Ребека денеска полни 54 години, и е една од најнегуваните жени на нашатата естрада. Мајка е на три сина: Маркијан, Доротеј и Макариј, близнааци кои имаат 12 години. Во мај минатата година, Ребека на социјалните мрежи објави дека нејзиниот постар син Маркијан кој има 18 години исчезнал од станот.

Маркијан боледува од ретката болест туберна склероза и досега не излегувал од дома без придружба, но ѝ помонгал таксист кој го нашол синот и го однел дома.

Помалата сестра на Ребека, Хелена Роза во август наполни 48 години. Таа живее во Нов Зеланд со семејството и се кандидираше за градоначалничка на општината Норт Шор, која е дел од градот Окленд.

Роза Катиновска со ќерките Ребека и Хелена Фото/Фејсбук

Слични објави

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо
Се вчитува....