22:59 - 1 ноември, 2026

„Никогаш не сум го запознала Тони Цетински“: Продолжи судењето на хрватскиот пејач

Тони Цетински

Тони Цетински неодамна беше под истрага за наводно купување лажни сертификати за вакцинација против ковид-19.

Хрватскиот пејач тврдеше дека никогаш не ја купил таа потврда, како и дека не ја ни сакал, а на судењето беше повикана медицинската сестра Петра Румиха, која, како што самата призна, во 2021 година, во текот на пандемијата, лажно вакцинирала најмалку 242 лица против ковид, при што примила околу 22.000 евра.

Петра Румиха вчера била повикана како сведок на судењето на Цетински и на уште четворица обвинети во т.н. „афера на потврди за ковид“.

„Никогаш не сум го запознала Тони Цетински. Го познавам само од медиумите како пејач. Ниту еден од овие обвинети не беше мој пациент. Можно е всушност да сум го вакцинирала Цетински на Саемот, не знам“, одговорила Румиха на прашањата на адвокатот на Цетински.

– Работев како медицинска сестра во Домот на здравје Пречко, а тоа беше голема клиника со многу пациенти. Извршував и вакцинирање во текот на пандемијата на ковид, па вакцинирав на Саемот и во училиштето, меѓу другото – рекла таа.

Во март 2024 година, Румиха постигнала спогодба со УСКОК и била осудена на условна казна од 2,5 години затвор, од кои една година морала да помине зад решетки, додека остатокот бил условно со тоа што во следните пет години да не стори ново кривично дело.

– Имав овластување да внесувам податоци за вакцинирани лица во регистарот, а знаев и како да внесувам подароци за луѓето што не сум ги вакцинирала, а за тоа добивав пари од 50 до 100 евра по личност. Поради тоа на крајот бев обвинета и си го уништив себеси животот“, пишува хрватски „Јутарњи“.

Покрај неа УСКОК обвини и 242 лица за поткуп, вклучувајќи го и Цетински, но и голем број јавни личности како телевизиски водители, оперски пејачи итн. Од 243 лица првично обвинети, речиси сите се спогодија, додека Цетински и уште четворица обвинети остануваат последни кои ја негираат вината.

 

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....