03:38 - 12 август, 2026

Тамара Тодевска си ја соголи душата во „Кукла жива“: „Ова е песната на мојот живот“.

Тамара Тодевска го претстави новиот сингл „Кукла жива“, песна која ја отвора вратата кон нејзиниот нов музички проект и најавува поинакво, поинтимно поглавје во нејзината кариера.

Станува збор за насловната композиција од претстојниот албум „Кукла жива“, зад која како автори се потпишуваат Тамара Тодевска и Коста Петров. Аранжманот и продукцијата се дело на Емин Џијан, додека видеозаписот го реализираа Мартин Трајановски и „Takat Studios“.

Песната носи силна емотивна порака и е инспирирана од искуствата што Тамара ги стекнала низ годините како јавна личност. Преку стиховите таа зборува за осудите, предрасудите и притисоците со кои се соочуваат луѓето кога се обидуваат да останат верни на сопствениот идентитет.

„Кукла жива е песна на мојот живот. Истовремено е моќна и автентична, силна и суптилна. Но ова не е само мојата приказна. Верувам дека во неа ќе се препознаат многу девојки, жени, па и мажи кои се соочуваат со наметнати стандарди за успех и прифатливост. Песната ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон една нова ера“, вели Тамара Тодевска.

Коста Петров открива дека креативниот процес за албумот траел долго и резултирал со повеќе од триесет песни, од кои само десет станале дел од финалното издание.

„Ако треба да одберам една песна што најдобро ја опишува Тамара како уметник, жена и човек, тогаш тоа е ‘Кукла жива’. Од сите создадени песни, токму оваа најсилно ја носи суштината на албумот и неговата порака“, вели Петров.

Новиот албум ќе содржи десет песни и ќе биде првиот македонски визуелен албум, а во наредниот период публиката ќе има можност постепено да ги открива и останатите композиции.

Кулминацијата на проектот е закажана за 3 октомври, кога во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концертна промоција на албумот. Тамара ќе настапи придружувана од оркестарот на Емин Џијан, со кој ќе ги изведе новите песни пред публиката.

Слични објави

(Фото) Живкица со авантуристичка приказна за најстариот син, Даријан

Еспресо

Нов пресврт во случајот со Ава Карабатиќ: Откако го обвини свршеникот за насилство, потоа биле видени заедно

Еспресо

(Фото) Николија откри дека се повредила – српската пејачка ги загрижи сите со својата објава

Еспресо

„Докторот ми рече дека вакво срце нема видено“: Јована Јеремиќ се расплака по прегледот кај кардиолог

E.A.

Близнаците од „Некст тајм“ признаа дека имале иста девојка

apostolova

(Фото) Милош Биковиќ одмора во Црна Гора – актерот ужива со синот во погледот на зајдисонце

Еспресо
Се вчитува....