06:09 - 4 ноември, 2026

Неда Украден за суровата вистина за естрадата: Џабе ви „горат“ социјалните мрежи, мора да излезете на сцената и да пеете

Пејачката Неда Украден одамна го прифати овој дигитален тренд, свесна дека е речиси невозможно да се функционира во забавната индустрија денес без сериозно присуство социјалните мрежи.

Гостувајќи во емисијата „Гранд Специјал“, Неда Украден зборуваше за новите правила на шоу-бизнисот и откри кој стои зад нејзините профили.

– Без тоа, денес нема функционирање и нема работа. Јас работам сама, понекогаш ќерка ми ми помага. Социјалните мрежи се многу важни, мора да се рекламира, многу организатори бараат видео најави за гостувања – призна пејачката.

Сепак, иако е свесна дека маркетингот на интернет е неопходен, Неда реши да ја открие суровата вистина на забавната индустрија и да испрати јасна порака до сите оние кои мислат дека лајковите се доволни за успех.

Таа нагласи дека виртуелниот свет не може да го замени вистинскиот талент и сериозната работа на сцената.

– И да дотераш за „социјалните мрежи да горат“, сепак мора да застанете на сцената и да пеете нешто. Не нешто, туку двочасовен концерт. Во мојот случај, најважно кога ќе излезете на сцената е да имате што да пеете. Џабе фустаните, џабе сè – рекла Неда, јасно ставајќи до знаење што е сè уште клучно за опстанок во музичкиот свет.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....