08:15 - 4 ноември, 2026

(Фото) Синот на Северина се миропомаза, пејачката покажа како прославиле

Синот на Северина, Александар, викендов се миропомаза. Горда мајка на социјалните мрежи сподели фотографии од семејната прослава што се одржала во еден загрепски ресторан во подслеменската зона, по свечениот црковен обред.

По церемонијата, прославата продолжила во кругот на најблиските членови на семејството, пријателите и кумовите, кои заедно го одбележале важниот ден во животот на Александар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Северина покрај фотографиите сподели и емотивна порака посветена на својот син.

„Кризманик, кума, мама… семејството и пријателите ти посакуваат убав, среќен и благословен живот, сине мој прекрасен… 16.05.2026“, напишала пејачката.

За оваа пригода Александар избрал светлобеж костум и бели патики, додека Северина носела елегантен темносив фустан со класичен крој и впечатлив бел цветен детаљ.

Еден детаљ од прославата особено го привлече вниманието на следбениците.

На фотографија од подароците и спомените од миропомазанието можело да се забележи и средното име на нејзиниот син. На персонализиран кожен омот било испишано името Александар Михаел Поповиќ.

Слични објави

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.
Се вчитува....