09:15 - 4 ноември, 2026

(Фото) Никола Карабатиќ стапи во брак со партнерката со која е повеќе од една деценија

Никола Карабатиќ и неговата долгогодишна избраничка Жералдин Пиле официјално го кажаа судбоносното „да“ по 15 години љубовна врска.

Прославениот ракометар радосната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм, каде објави фотографии од свадбената церемонија.

„Господин и госпоѓа Карабатиќ“, кратко напиша тој.

Жералдин Пиле и Никола Карабатиќ / Фото: Инстаграм/Никола Карабатиќ

Двојката е заедно од 2011 година, а, според француските медиуми, ги запознал заеднички пријател. Жералдин со години му е најголема поддршка и често беше присутна на неговите најважни натпревари.

Карабатиќ во повеќе интервјуа зборуваше со многу емоции за својата сопруга, нарекувајќи ја „најдобрата жена на светот“.

Тие се родители на две деца – синот Алек и ќерката Нора, а ракометарот често истакнува дека семејството секогаш му било приоритет.

Никола е роден во Ниш, а уште на четиригодишна возраст се преселил во Франција со своето семејство. Неговиот татко Бранко потекнувал од Трогир, додека мајка му Радмила е Србинка.

„И Србин сум и Хрват. Горд сум на моите корени. Франција е мојот дом, но драго ми е што потекнувам од поранешна Југославија“, изјавил Карабатиќ во едно интервју.

Слични објави

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо
Се вчитува....