06:53 - 15 јануари, 2026

НЕ МОЖЕВ ДА ИЗЛЕЗАМ ОД УЛОГАТА: Лејди Гага проговори за психолошките проблеми на снимањето на „House of Gucci“

лејди гага

Лејди Гага во неодамнешното интервју за „Variety“ проговори за снимањето на филмот „House of Gucci“ и откри дека ѝ била потребна психолошка помош поради „мракот“ што улогата на Патриша Региани ја внела во нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cinema Solace (@cinemasolace)

„Ќе бидам целосно искрена. Живеев како неа година и пол. И цели девет месеци продолжив да зборувам со акцентот што го користев за време на снимањето“, рече таа. „И кога се исклучија камерите, не излегов од таа улога. Веднаш ја бојадисав косата и почнав да живеам како Патриша Реџиани“, вели 35-годишната ѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

„Или поминував време во мојата хотелска соба, каде што живеев и зборувавцело време како Реџиани, или бев на снимање, каде што живеев и повторно зборував како неа. Се сеќавам дека еден ден во Италија отидов на прошетка. Пред тоа не шетав надвор од сетот околу два месеци и наеднаш ме фати паника. Мислев дека сум на филмскиот сет“, изјави Гага.

Ѕвездата призна дека нејзините сцени од филмот и реалниот живот почнале да се испреплетуваат, па во еден момент, при крајот на снимањето веќе не знаела што е реалноста.

„После снимањето, со себе носев темнина бидејќи животот на Патриша беше мрачен. Побарав помош од психологот кој работеше на сетот. Некако почувствував дека морам да го сторам тоа бидејќи се чувствував посигурна“, рекла таа.

Гага додава дека оваа информација не ја споделува јавно за да ја „слави“ својата посветеност на актерството. Таа вели дека ѝ пристапила на улогата во филмот „House of Gucci“ на ист начин како и на претходната улога во филмот „A Star Is Born“.

Целосно се поистоветила со ликот, што може да објасни зошто ѝ требало психолошка помош за време на снимањето.

Но како што вели, на крај не било се толку болно, но можеби е време да смени некои работи и да поработи на некоја „полесна“ улога.

„Би сакала да се пробам во некоја романтична комедија, иако „House of Gucci“ е исто така драма со комични елементи“, вели Лејди Гага.

(ВИДЕО) „НЕЈЗИНИОТ АКЦЕНТ НЕ Е БАШ ИТАЛИЈАНСКИ, ЗВУЧИ ПОВЕЌЕ РУСКИ“: Дијалектологот на Лејди Гага со критика до пејачката за улогата во „Гучи“

Како долгогодишен поборник за грижа и работа на менталното здравје, Гага истакна дека се надева дека нејзините искуства ќе им помогнат на другите кои се соочуваат сo слични проблеми.

„Во ред е да побарате помош. Ако мислите дека ви треба, не двоумете се да побарате стручна помош“, посочи таа.

Слични објави

(Фото) Луѓето шокирани од најновата објава на Колинда: „Како девојка 20 години помлада“!

Еспресо

„Не знам како да се носам со болката“: Огласувањето на Ана Бекута по скандалот во Чачак

apostolova

Сека Алексиќ жестоко за нападот врз Ана Бекута во Чачак: „Многу ми е жал, таа нема ниедна дамка во кариерата“

Еспресо

Поранешниот сопруг на Марија Микиќ го „запали“ интернетот: Се соблече и го покажа мокрото тело

E.A.

(Фото) Еден посебен детаљ ги разнежи гостите на првиот роденден на Лена, ќерката на Павле и Ирина Камилоски

Еспресо

Брутални фотографии од сауна: „Моделот на Бугарија“ ја „крена температурата“ во центарот на Софија

E.A.
Се вчитува....