06:15 - 10 ноември, 2026

„Нè искористи“: По гостувањето на Лепа Брена во Хрватска, се огласи телевизијата

Откако ја критикуваа Александра Пријовиќ дека нејзиниот четврти концерт во Загреб бил неспоредливо подобар од претходните три, и поради изборот на гостите и поради времетраењето, дел од корисниците на социјалните мрежи од Хрватска ја нападнаа и пејачката Лепа Брена.

Како што веќе пишуваа српските медиуми, на некои од Хрватска им пречело појавувањето на Лепа Брена во емисијата „Кај нас дома“ на ХТВ.

По тој повод, покрај концертот на својата снаа Александра Пријовиќ, Брена ја искористила можноста и да ги изрекламира производите на својата компанија, па поединци жестоко ја навредија, притоа не бирајќи зборови. Покрај неа, на удар се најде и водителката на таа емисија.

Сега, по скандалот, се огласи и Хрватската радиотелевизија, со официјално соопштение истакнаа дека Лепа Брена ги искористила.

– Во емисијата „Кај нас дома“ што се емитуваше на 04.12.2023 година, една од гостинките беше и пејачката Лепа Брена. Гостинката претходно беше запознаена со сите теми на разговорот. Сценариото за  гостување ги содржеше следните теми: Претпразнично време, како го поминува со семејството, за нејзините концерти пред многубројна публика, нејзината пејачка кариера, сеќавањата на Загреб, феноменот на пет распродадени арени од Александра Пријовиќ и најавата за нејзиниот концерт во Арена Загреб следната година. Меѓутоа, и покрај обемот, гостинката, за жал, го искористи гостувањето во емисијата во живо и го рекламираше својот нов претприемачки проект. Никој вклучен во создавањето на оваа популарна попладневна забавна емисија немаше намера да ги рекламира споменатите производи – истакнале од ХТВ.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....