7.8 C
Скопје
13:02 - 22 декември, 2024

Не е само Вил Смит: ОВИЕ СЛАВНИ ЛИЧНОСТИ се избркани од Академијата!

вил смит

На актерот Вил Смит му е забрането да се појавува на Оскарите во следните десет години, како и на сите други настани организирани од Американската академија за филмски уметности и науки, но за разлика од некои негови колеги, тој не беше лишен од златната статуетка.

На актерот Вил Смит му е забрането да присуствува на најважната филмска церемонија во Америка и светот цела една деценија, бидејќи на 94-тото доделување на Оскарите му удри шлаканица на Крис Рик на сред сцена.

Ваква одлука донесе синоќа Управниот одбор на Американската филмска академија, со образложение дека актерот „со своето неприфатливо и штетно однесување го оскверни 94-тото доделување на Оскарите“.

Иако Американската академија требаше да се состане на 18 април, средбата ја направија десет дена порано, поттикнати од оставката на Смит.

Низ долгата историја на Американската академија, само неколку личности од светот на кинематографијата или биле избркани од оваа институција или поднеле оставки.

Продуцентот Харви Вајнштајн, кој моментално отслужува затворска казна, е избркан од Академијата под обвинение за сексуална злоупотреба.

Од истата причина, Академијата се „заблагодари за соработката“ на актерот Бил Козби, но и на режисерот Роман Полански, како и на снимателот Адам Кимел.

Тоа беше во 2018 година, кога Американската академија го објасни исклучувањето на актерот Бил Козби и режисерот Роман Полански од своето членство поради „прекршување на стандардите за однесување на Организацијата“.

Истата година, Козби беше осуден за сексуална злоупотреба и ставен зад решетки.

Роман Полански, кој сè уште е на листата на барани од САД, призна дека силувал малолетничка, во 1977 година. Тој призна дека ја дрогирал и силувал 13-годишната Саманта Гејмер. Откако бил уапсен и поминал четириесет дена во психијатриска установа, додека го чекал исходот од судењето, режисерот побегнал од САД и не стапнал на американско тло од 1978 година. Тој беше уапсен во својот дом во Швајцарија во 2009 година и одлежа десетмесечен домашен притвор.

Академијата го избрка и холивудскиот магнат и продуцент Харви Вајнштајн од членство во 2017 година поради бројни обвинувања за сексуално вознемирување и злоупотреба, а тој во меѓувреме, доби казна од 23 години затвор.

А актерot Кармајн Кариди, кој почина пред две години, беше првата личност која некогаш била избркана од Американската академија. Тоа се случило во 2004 година затоа што членовите на Академијата открија дека копии од филмот „Само не ти“ (во главните улоги Џек Николсон и Дијана Китон) дадени на актеркot, како член на Академијата со право на глас, незаконски циркулираат на Интернет. И така, актеркot, најпознат по улогите во второто и третото продолжение на „Кум“ на Копола, стана првиот човек што некогаш бил исклучен од членството на една престижна институција.

И додека Вил Смит не беше избркан од Академијата, ниту му беше одземен Оскарот, што некои шпекулираа дека ќе се случи, актерот нема да може да гласа во следните десет години. Инцидентот на Оскарите веќе го чини професионално, со оглед на тоа што проектите што требаше да ги направи за Нетфликс и Сони, барем засега, се ставени во мирување, пренесува нова.рс.

ШОКАНТНО признание на Џејда Пинкет Смит: „Никогаш не сакав да се омажам со Вил Смит“

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....