3.8 C
Скопје
02:30 - 19 април, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (11. до 17.април): Среќни можности за Рибите, пари за Биковите, романтика за Раковите…

Оваа недела планетата Меркур ќе влезе во знакот Бик, додека планетата Марс ќе премине во оној на Риби… А вие, каков знак сте вие? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: нервозна Месечина

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти вашиот знак за да се пресели во оној на Бик. Сепак, сигурно ќе има можности, особено на полето на работа кое – почнувајќи од мај – исто така ќе биде фаворизирано од убавиот контакт со Јупитер. Во меѓувреме, обрнете внимание на деновите петок и сабота, кога спротивставувањето на Месечината може да ви донесе пречки и да создаде одредена тензија.

Бик: добредојде, Меркур!

Оваа недела планетата Меркур ќе го поддржува со вашиот знак: подгответе се да живеете многу среќен период, особено кога е работата во прашање. Ќе има нови можности и интересни средби, но и добра финнсиска состојба. Понатаму, почнувајќи од петок, дури и планетата Марс повторно ќе ви се насмевнува: ќе можете да ги оставите настрана стресот и заморот од последниот период и да вратите малку енергија.

Близнаци: тензии со партнерот

Оваа недела – почнувајќи од петок – планетата Марс ќе изврши неповолен транзит за вашиот знак, што може да ве натера да почувствувате малку дополнителен стрес и замор во следниот период. Дури и планетата Венера, во неповолна положба, би можела да ви донесе тешко време: во љубовта тензиите со партнерот би можеле да станат нагласени, особено во среда и четврток.

Рак: не одложувај!

Оваа недела планетата Меркур конечно ќе се врати да ви се насмее! Во последниот период моравте да се соочите со потешкотии на полето на работата, но сега конечно ќе можете да ги постигнете посакуваните резултати. Ако сте оставиле нешто на чекање, подобро реализирајте го до месец мај, пред Јупитер да ви сврти грб… Среќна Месечина во среда, четврток и недела, што ќе ви донесе  особено романтични мигови.

Лав: во опоравување!

Вашата недела започнува со среќна Месечина во понеделник и вторник: тоа ќе бидат два дена полни со енергија! Понатаму, од петок, планетата Марс ќе престане да биде во опозиција со вашиот знак и ќе можете малку по малку да ја вратите физичката и психичката сила. Меркур, за жал, ви го врти грбот: во наредниот период би можела да настане уште некоја дискусија, особено на работа.

Девица: пад на енергијата

За жал оваа недела на противењето на Венера ќе се придружи и она на Марс. Почнувајќи од петок, може да почувствувате пад на енергијата. Напнатоста со партнерот вртоглаво ќе расте: ако барате дијалог со него, фокусирајте се на деновите среда и четврток, кога на ваша страна ќе имате прекрасна Месечина. За среќа, Меркур ќе се погрижи да донесе добри вести на работа.

Вага: воздишка на олеснување 

Конечно можете да здивнете: планетата Меркур, почнувајќи од понеделник, повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак! Пречките на кои наидовте во последниот период ќе ве олабават и ќе ви дадат одмор. Понатаму, во петок и сабота можете да сметате на прекрасна Месечина, која ќе ви донесе добри вести. Не е лесно време за вашиот знак, но ја имате сета сила што ви е потребна за да го поминете потешкиот период!

Скорпија: Меркур ви носи пречки

Оваа недела за жал планетата Меркур ќе биде во опозиција со вашиот знак. Во следните недели може да наидете на уште некои пречки на вашиот пат, особено на работниот: на дневен ред ќе бидат дискусиите со шефовите и колегите… За среќа, Венера ќе се погрижи да ве расположи, давајќи ви моменти на голема страст, особено во недела, кога ќе ја имате и романтичната Месечина на ваша страна.

Стрелец: Месечината ви помага!

Оваа недела планетата Марс ќе изврши неповолен транзит за вашиот знак: почнувајќи од петок може да почувствувате пад на енергијата. Венера, исто така во неповолна положба, внесува премногу недоразбирања во вашиот живот во пар. За да се справите со важен дијалог со партнерот, фокусирајте се на поволните месечеви денови, понеделник, четврток и сабота.

Јарец: нова енергија!

Оваа недела конечно планетата Меркур се врати на ваша страна: ако во последниот период наидовте на повеќе потешкотии на работното место, сега вашите професионални односи ќе бидат фаворизирани и ќе можете да постигнете добар резултат. И Марс се враќа за да ви даде нова енергија почнувајќи од петок. Пазете се од нервозната Месечина во петок и сабота, подобро да избегнете расправии.

Водолија: Меркур ви го врти грбот 

Оваа недела – почнувајќи од понеделник – планетата Меркур ќе ви го заврти грбот: во следниот период може да наидете на уште потешкотии во професионалните односи, особено ако работите во контакт со луѓе. Деновите понеделник и вторник ќе бидат особено тешки поради Месечината во опозиција. Среќни денови: петок и сабота.

Риби: добредојде Марс!

Оваа недела планетата Меркур е повторно активна во ваша корист, додека – почнувајќи од петок – планетата Марс ќе влезе во спој со вашиот знак, стигнувајќи до планетата Венера: со такво небо тешко е нешто да тргне наопаку! На работа нема да недостигаат нови можности, додека на сентименталното поле чукањето на срцето и страста ќе бидат на дневен ред.

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....